Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред се напојува со струја од батерија што се
полни. Батеријата наменета за користење со овој уред е
BL-4CT. Nokia може да направи дополнителни модели на
батерии за овој уред. Овој уред е наменет за користење
кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-3 .
Точниот број на моделот на полначот може да варира во
зависност од типот на приклучокот. Варијантата на
приклучокот се идентификува со еден од следниве: E, EB,
X, AR, U, A, C, K, или UB.
Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на
крајот таа ќе се истроши. Кога времињата за разговор и
standby се значително пократки од нормално, заменете ја
батеријата. Користете само батерии одобрени од Nokia и
полнете ја само Вашата батерија само со полначи
одобрени од Nokia наменети за овој уред.
Ако некоја батерија се користи за прв пат или ако
батеријата не е користена подолго време, може да е
неопходно да го приклучите полначот и потоа да го
исклучите и повторно да го вклучите за да започне
полнењето на батеријата. Ако батеријата е целосно
испразнета, може да потрае неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред
да можат да се направат било какви повици.
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и
отстранете го полначот пред да ја отстраните батеријата.
Правилно полнење. Отстранете го полначот од
електричниот приклучок и од уредот кога не е во
употреба. Не оставајте ја целосно наполнетата батерија
поврзана за полначот, затоа што преполнувањето може
да го скрати нејзиниот живот. Ако не се користи, целосно
наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење со
текот на времето.
Одбегнувајте екстремни температури. Секогаш
обидувајте се да ја чувате батеријата помеѓу 15°C и 25°C
(59°F и 77°F). Екстремните температури го намалуваат
капацитетот и животниот век на батеријата. Уредот со
жешка или ладна батерија може привремено да не
работи. Работата на батеријата особено е ограничена на
температури значително под точката на мрзнење.
Не правете краток спој. Случаен краток спој може да се
случи кога метален објект како што е монета, спојувалка
или пенкало предизвика директно поврзување на
позитивниот (+) и негативниот (-) крај на батеријата. (Тие
изгледаат како метални ленти на батеријата.) Ова може
да се случи, на пример, кога носите резервна батерија во
Вашиот џеб или ташна. Краткото спојување на краевите
може да ја оштети батеријата или објектот што е поврзан.
Фрлање. Не ги фрлајте батериите во оган бидејќи може
да експлодираат. Фрлете ги батериите во согласност со
локалните регулативи. Ве молиме рециклирајте кога е
можно. Не фрлајте ја како отпад од домаќинството.
Истекување. Не ги растурајте, сечете, отварајте, кршете,
виткајте, пробивајте или разделувајте ќелиите или
батериите. Во случај на истекување на батеријата,
спречете контакт на течноста од батеријата со кожата или
очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги
опфатените области со вода, или побарајте медицинска
помош.
Штета. Не ја модифицирајте, повторно составувајте, не се
обидувајте да вметнете туѓи објекти во батеријата, или не
ја потопувајте или изложувајте на вода или на други
течности. Батериите можат да експлодираат ако се
оштетат.
Правилно користење. Користете ја батеријата само за
наменетата цел. Неправилното користење на батеријата
може да резултира со оган, експлозија, или друга
опасност. Ако уредот или батеријата се испушти, особено
на цврста површина, и Вие мислите дека батеријата е
оштетена, однесете ја до некој сервисен центар на
проверка пред да продолжите да ја користите. Никогаш
не користете било каков полнач или батерија што е
оштетена. Чувајте ја Вашата батерија вон дофат на мали
деца.
30 Додатоци