Nokia 2720 fold - Галерија

background image

Галерија

Вашиот телефон поддржува систем на управување со дигитални права (DRM) за да

ја заштити стекнатата содржина. Секогаш проверувајте ги условите за испорака на

секоја содржина и клучот за активирање пред да ги преземете, бидејќи тие можеби

се наплаќаат.
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за

управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита

на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој

уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени

со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите на содржини заштитени со OMA DRM

1.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја заштити содржината, сопствениците

на содржината може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до

новите содржини заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така

може да спречи обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот

уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на

содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени

со ДРМ.

22 Мени на операторот

background image

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia PC Suite.
Другите методи на префрлување може да не ги пренесат клучевите за активирање

кои треба да се повратат со содржината за да можете Вие да продолжите со

користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе

биде форматирана. Може исто така да треба да ги повратите клучевите за

активирање во случај датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Погледнете ги содржините на Галеријата

Изберете

Мени

>

Галерија

.