
Додатоци
Предупредување:
Употребувајте само батерии, полначи, и други додатоци
одобрени од Nokia за користење со овој одреден модел.
Употребата на било какви други видови може да го
поништи одобрението или гаранцијата, и може да
резултира со опасност. Особено, користењето на
неодобрени полначи и батерии може да претставуваат
ризик од пожар, експлозии, протекување, или други
опасности.
За достапноста на одобрени додатоци, проверете кај
Вашиот продавач. Кога го отстранувате кабелот од било
кој додаток, фатете и повлечете го приклучокот, а не
кабелот.