
Вметнете SIM картичка и батерија
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па затоа бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1 Притиснете и излизгајте го задниот капак кон долната страна на телефонот, и
извадете го (1).
2 Отстранете ја батеријата (2).
3 Отворете го држачот на SIM картичката (3), вметнете ја SIM картичката со
површината за контакт свртена надолу (4), и затворете го држачот (5).
4 Вметнете ја батеријата (6), и вратете го задниот капак (7).