Пристапни шифри
Безбедносниот код Ви помага да го заштитите Вашиот телефон од неовластено
користење. Претходно наместениот код е 12345. Можете да креирате и да го
промените кодот и да го прилагодите телефонот да го бара кодот. Новиот код
чувајте го во тајност и на безбедно место подалеку од Вашиот телефон. Ако го
заборавите кодот и Вашиот телефон е заклучен, Вашиот телефон ќе ја побара
услугата и може да се применат дополнителни трошоци. За повеќе информации,
контактирајте со некоја Nokia Care точка или дилерот на Вашиот телефон.
PIN кодот доставен со SIM картичката ја заштитува картичката од неовластена
употреба. PIN2 кодот доставен со некои SIM картички е потребен за пристап до
одредени услуги. Ако го внесете PIN или PIN2 кодот неточно три пати по ред, ќе Ви
биде побаран PUK или PUK2 кодот. Ако ги немате, контактирајте со Вашиот
обезбедувач на услуги.
PIN модулот е потребен за пристап до информациите во безбедносниот модул од
вашата SIM картичка. За дигиталниот потпис може да се бара PIN за потпис.
Лозинката за забрана е потребна кога се користи услуга за забрана на повик.
За да поставите како вашиот телефон ги користи пристапните шифри и
безбедносните поставки, изберете
Мени
>
Прилагоду.
>
Безбедност
.
10 Општи информации